НовАсном го прати развојот на предложениот процес за уставни промени од страна на владината постава која не беше избрана на избори да ги спроведе неуствно предложените уставни измени.
Од друга страна, ги анализиравме предлозите на опозицијата која го прифати Преспанскиот договор и сега даде свои предлози за текот на процесот на предстојните уставни измени. Цениме дека двата од трите предлози, кои ги даде опозицијата, се апсолутно неприфатливи за Македонската нација и истата ја ставаат во подредена положба во која не заслужува да биде.
Имено, Лидерот Мицковски се залага за барање на гаранции од соодветни ЕУ институции и одредени наши западни пријатели, како ЕУ Советот и САД, за нашиот идентитет, култура, посебност обичаи, јазик итд.
ВМРО – ДПМНЕ заборава дека голем дел од нашите западни сојузници, од кој тие би барале гаранции, веќе ни дадоа гаранции дека ќе сме започнале со преговорите со ЕУ кога ние требаше да го смениме името Република Македонија. Каде се тие гаранции сега? Зошто нашите западни партнери, кои веќе еднаш не излажаа, токму сега ќе го исполнат своето ветување? Постојат многу примери во последните десетици години, во кои примери, нашите западни партнери не си стоеле на својот збор.
Кој ќе ја гарантира гаранција на нашите западни партнери за да она се исполни?
Потоа, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, уставните измени да имаат одложено дејство, т.е. да се имплементираат уставните измени на денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на земјите членки на ЕУ, има голем недостаток. Под тоа сценарио, прво би се имплементирале нашите уставни измени и потоа земјите членки на ЕУ би требало да го ратификуваат нашиот влез во ЕУ.
Го потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ, кое го прифати предавничкиот Препсански договор, дека Грција го нема ратификувано Преспанскиот договор во нејзиниот парламент и за Грција истиот е правно неважечки. Знаејќи ја позицијата на поголемиот дел од грчките политички партии дека, ‘Не можe да има Македонец кој не е Грк’, нивен став е дека ние немаме право да бидеме Македонци. Овој аргумент како и фактот дека Преспанскиот договор нема правно дејство во Грција, не е ратификуфан од Грчкиот Парламент, ќе бидат користени за да не се ратификува нашиот евентуален влез во ЕУ и поред тоа што ние би ги исполниле сите критериуми за влез во ЕУ. На таа основа Грчкиот Парламент ќе го одбие нашиот влез во ЕУ.
Најдобар и најак гарантор за нашиот идентитет е вољата на нашиот народ кој на два референдума потврди дека името на нашата држава треба да биде Република Македонија. Поголемиот дел од граѓаните не се за вакви наметнати и недемократски уставни измени против нивната воља. Не сакаме да бидеме дел од ваква ЕУ.
Враќањето на името Република Македонија е од врвен приоритет и гарантор на нашиот идентите како и градењето на правно општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви услвои за нормален економски живот во здрава животна средина.