–>

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез се чека 30-на минути

tabanovce_56756767556
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– АМСМ информира дека поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата на граничниот премин (ГП) „Табановце“ е околу еден час, а на преминот „Богородица“ за излез од државата се чека 30-на минути.





На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK