Мицкоски: Поставен е камен темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево

Screenshot-2024-12-13-120920.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денеска отпочнува една убава инвестиција овде за овој дел на Македонија, во Кичево. Како што кажа извршниот директор, очекуваме максималниот број на вработени во еден момент да биде 600, зошто да не и повеќе. Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50-тина милиони, тој ќе се развива. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу, заедно со директорот на ТИРЗ, и инвеститорот направија многу за да овој проект конечно заживее, помина и на Владина седница“, порача премиерот Христијан Мицкоски од ТИРЗ Кичево.


Кажа дека е потребно на сето тоа заеднички да се работи за да се дојде до состојбата во која сме денес.

„Јас сум убеден дека инвеститорот тука нема да застане, дека после оваа инвестиција ќе следи продолжување на инвестицискиот циклус.
Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени.

Уште еднаш ќе го повторам ставот дека оваа Влада има за цел да го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите тука, кај нас во Македонија, да не ни се случува иселување како што беше пракса во минатото“, порача Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK