Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите

mickoski3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е постигната историски најголема откупна цена за лозарите.


„Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино.

Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг“, наведе Мицкоски.

2За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%.

Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот.
Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила.И 350 милиони денари за АД водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата.

Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот“, вели Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK