Мицкоски: Инвестиција од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

investicija-mickoski-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Еве вчера поранешниот потпретседател на Владата и одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа тој е тој којшто ја донел, па еве јас од мое име да му се заблагодарам затоа што процесот го водел до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.


„Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа, па оваа Влада мораше сега заедно со инвеститорот го заврши овој процес. Очекувам уште многу вакви инвестиции во периодот којшто следи.

Во тек се преговори за проширување на две веќе постоечки инвестиции од странските инвеститори но и една нова којашто ја преговараме и сме во завршна фаза со уште една многу голема и моќна европска држава, членка на ЕУ“, рече Мицкоски.

Се надевам и сум сигурен дека и таа ќе се заврши до крајот на годината со што мислам дека озбилно ќе биде исцрпен човечкиот потенцијалот за ваков тип на инвестиции кај нас и мислам дека на тој начин ќе додадеме вредност во процесот на зголемување на БДП нешто коешто ние е многу важно. Така што уште еднаш, не може човек да не биде среќен и радосен кога се отвара инвестиција во вредност од 65 милиони евра каде што ќе има во максимален обем од 700 и повеќе вработени кога ќе го достигне врвот самата инвестиција.

Од разговорот можам да кажам дека во првите години ќе имаме до кај 35, 40 милиони евра максимум 60 милиони во првите три години извоз, понатаму може тој извоз да достигне и до 130 па и повеќе милиони евра, нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија“, додаде премиерот Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK