Левица со ново барање за продолжен престој во училиштата во Општина Центар

IMG_4387-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај многуте барања за продолжен престој на родителите на ученици од основните училишта во Центар, за жал сеуште тоа не им е овозможено на сите ученици во нашата општина, реагираат од Левица.


Ова, како што појаснуваат, е втор пат да се поднесе ваква иницијатива, откако минатиот пат беше одбиено да се постави на дневен ред со образложение дека истото се коси со законот.

„Според законот, продолжениит престој е задолжителен и загарантиран од МОН до 3то одделение, додека пак од 3то до 5то доколку училиштата имаат потреба, продолжениот престој се финансира од општините и општините се должни тоа да го овозможат.

Децата од нашите училишта насушно имаат потреба од овој престој, што се докажува и со бројните барања и иницијативи од советите на родители во самите училишта“, се наведува во соопштението.

Советниците на Левица во Центар побараа итно решавање на овој проблем и за истото да се дискутира и најде решение на утрешната кординативна седница која ќе се одржи исто така на барање на нибната советничка група, со цел темелно да се дискутира за повеќе прашања пред седницата за носење на престојниот буџет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK