Ковачевски: Победата на СДСМ на следните избори, ќе биде двоен пораз на антиевропските политичари

Ковачевски-Победата-на-СДСМ-на-следните-избори-ќе-биде-двоен.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Победата на СДСМ на следните претседателски и парламентарни избори ќе биде двоен пораз за антиевропските политичари, со победа ќе го обезбедиме правецот по којшто се движи земјата да остане на европските шини, на вистинскиот пат, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на народниот собир во манастриот св.Димитрија во Селце, општина Прилеп.


-На сите блокатори кои работат против европската и македонската агенда ќе им го покажеме македонскиот пркос, решителност и мотивираност за нов државен успех. Победата на СДСМ и Европскиот фронт на претседателските избори наредната година ќе биде првиот пораз на антиевропскиот концепт. Кандидатот на СДСМ ќе победи на претседателските избори. Затоа што граѓаните не сакаат нова изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност. Со победа ќе го обезбедиме правецот по којшто се движи земјата да остане на европските шини, на вистинскиот пат. Победата на СДСМ и Европскиот фронт на парламентарните избори и формирање на новата проевропска Влада токму од СДСМ ќе биде вториот пораз на антиевропските политичари. Затоа што граѓаните сакаат европска иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина. Тоа ќе биде победа за напредна, богата, силна, европска Македонија!, рече Ковачевски.

И наредната година, кога повторно ќе се собереме на овој убав традиционален, празничен народен настан ќе се погледнеме и со крената глава ќе си кажеме: успеавме, сè што направивме вредеше, ја обезбедивме македонската европска иднина, го исполнивме и овој аманет, порача Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK