После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини и во градот Скопје јасно е дека ДПМНЕ не ја оправда довербата.
Мицкоски и ДПМНЕ ги разочараа граѓаните. Градоначалниците на ДПМНЕ на половина од мандатот имаат 0 резултати, рече на денешната прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
Според него, ветените проекти во изборните програми ДПМНЕ не ги оствари, а во Кисела Вода градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во изборната програма ветуваше нова Поликлиника, нова Противпожарна станица и ново основно училиште. Поминаа 2 години изборните ветувања Ѓорѓиевски не ги исполни. Во Кисела Вода нема нова Поликлиника, нема нова Провпожарна станица а нема ниту ново основно училишта. Ѓорѓиевски не го исполни ниту ветувањето пред граѓаните за гасификација на училиштата. Нема нов спортски центар со базен а салата Расадник се распаѓа комплетно. Бројни се нереализираните ветувања на Орце Ѓорѓиевски пред граѓаните, вели Каевски.
Според Каевски, единствените проекти за кои се слика Орце Ѓорѓиевски се од централната власт на СДСМ.