Единствена Македонија со неверување ја прими информацијата дека пред три дена во Софија се одржала тајна средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија која ја спроведува антимакедонската агенда за откажувањето од грижата за Македонците во Пиринска Македонија и подарувањето на македонски историски настани и личности на Бугарија. За најновата средба во Софија од страна на власта – тишина, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
– Затоа, го прашуваме Димитар Ковачевски што е разговарано на тајната средба во Софија на Мешовитата македонско-бугарска комисија. Прашувањето заслужува одговор бидејќи станува збор за Комисија која не работи било што, туку спроведува антимакедонска агенда против Македонија, македонскиот народ и Македонците во Пиринска Македонија – велат од партијата.
Единствена Македонија ги предупредува македонските претставници во Комисијата дека тајни антимакедонски средби на кои се договара бришење на Македонците е национално предавство кое е казниво според македонските закони, велат од партијата.