До крајот на годината се очекува да биде пуштен во употреба мостот на Драгор во Битола

bitola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска изврши увид на градежните работи на новиот мост на реката Драгор, за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата.

-Изградбата на новиот мост на реката Драгор кај местото викано Довлеџик е финализиран со што конечно ќе се реши големиот проблем кој се јавуваше со стариот мост. Новиот мост за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата е во должина од 30 метри, ширина 21 метар и има четири коловозни ленти, две пешачки и две велосипедски патеки со посебно осветлување. Моментално се работи на новата челична мостовска конструкција и на подготовките за изградба на коловозната лента, изјави Битиќи по увидот.


Според вицепремиерот, динамиката на одвивање на градежните работи со 80 отсто реализација влева оптимизам дека до крајот на годината мостот ќе биде финално пуштен во употреба.

-Имаме над 76 отсто реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата и дека реализацијата на овие значајни проекти се одвива успешно според предвидената динамика. Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра од ТАВ програмата до денес се завршени 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата. Тековно се работи на другите 20 проекти, а за останатите 10 проекти овие денови ќе почне нивната реализација, рече Битиќи.

Зборувајќи за неговиот впечаток од посетата рече дека изминатите два дена ги гледа резултатите од планот за економски раст на Владата од 2017 година и оти само во Битола има над 40 компании коишто ги поддржува Владата и коишто без разлика на кризите коишто доаѓаа не само што се шират туку и растат и со број на вработени и со обрт на нивното работење, но и во извозот.

– Затоа овие два дена сакав да испратам порака дека независно дали сте во Скопје или во кој било друг град од државата вниманието на Владата е овде несомнено. Рамномерниот развој е клучен за иднината на оваа држава. Развојот не се креира на едно место. Развојот се креира во сите страни во државата и овие два дена навистина добив позитивна реакција од самите компании за мерката за рамномерен регионален развој во којшто финансиски ги стимулираме компаниите коишто инвестираат од најразвиениот регион, а најразвиениот регион во државата е Скопскиот регион да инвестираат. Рекоа дека тоа им дало дополнителен стимул да не размислуваат да инвестираат во Скопје, туку да останат во Битола или во Пелагонискиот регион севкупно. Сметам дека само ваков на краток рок ќе направиме разлика каква што не е видена претходниот период, вели Битиќи.

Одговарајќи на прашање за десетте проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ што не се започнати, Битиќи рече дека деновиве ќе биде донесена одлука за да се изменат проектите по нивно барање затоа што, како што кажа, не биле задоволни со претходните проекти.

-Тоа е спротивно на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува. Значи, се што е во интерес на граѓаните ценралната власт ќе го прави и ќе продолжи да го прави до последниот ден на својот мандат и наредниот мандат којшто секако ќе го работиме во интересот на граѓаните, рече Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK