Димитриевски: Истрагата треба да утврди како настанал пожарот, најважно е што нема човечки жртви и повредени

Maksim Dimitrievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва во централниот Дневник на Сител телевизија информираше дека пожарот што ноќеска го зафати Основниот суд во Куманово е ставен под контрола, а истрагата треба да покаже што точно се случило.

„Состојбата според мои информации коишто ги добивам од помошник командирот на противпожарна Куманово е под контрола и имаме дежурни возила на лице место, сè уште на одредени места чади. Се работи за високо запалив материјал којшто бил лоциран помеѓу магацинот за службеното вооружување и магацинот за нафта којшто се користел за греење. Навистина тешка операција, почнува некаде во 01.30 часот, сега е при самиот крај. Тоа што за мене е најважно е дека во моментов нема човечки жртви, нема повредени, противпожарната екипа си ја заврши ревносно и професионално својата работа, им честитам за тоа“, рече Димитриевски.


Тој посочи дека истрагата треба да утврди по кој основ и како настанал пожарот, дали опожарувањето се случило свесно или е од електричната инсталација, а и да се утврди одговорност во делот на состојбата на самата електрична инсталација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK