Демократски Сојуз: Вечна Македонија

ds
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократскиот сојуз, на сите Македонци, каде и да се, како и на сите граѓани, им го честита 2-ри Август, ИЛИНДЕН, најсветлиот празник на Македонците и Македонската држава.

На овој Ден, Македонците, но и сите други, без разлика на верска и национална припадност, се дигнале на востание за независна Македонија.


Илинденците, со борбата за слободна и демократска Македонија ги удрија темелите на денешна современа и независна Македонија.

Бројните револуционери, борци и партизани, кои ги положија животите за Македонија, не обврзуваат да ја градиме и чуваме Македонија за идните генерации.

Само со единство, сплотеност и мудрост можеме да се справиме со предизвиците и да отвораме перспективи за младите.

И натаму одекнува повикот на Илинденците за борба, за слободна Македонија!

Да е вечен ИЛИНДЕН и МАКЕДОНИЈА!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK