ЦУК ги претстави капацитетите за справување со пожари, апелира на одговорно однесување од сите

angelov_234243242
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Како држава оваа година сме целосно подготвени да излеземе во пресрет на гаснење на пожари. Оваа година располагаме со три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, од кои едниот е во функција а останатите два треба да пристигнат во секој момент во државата, како и по два армиски и полициски хеликоптери, истакна директорот на Центарот за управа со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека на ниво на државата зголемен е бројот на пожарникари.


-Оваа година на располагање имаме 935 професионални пожарникари, на располагање имаме и нешто повеќе од 110 добровоолни пожарникари, поголем дел од нив имаат соодветна опрема, и имаме неколку противпожарни доброволни друштва со сопствени возила. Како држава имаме два армиски хеликоптери кои имаат ограничување и во најжешките часови не можат да се користат бидејќи не е безбедна нивната употреба, но и два полициски со можност и трет да биде ставен во функција, додаде Ангелов.

Тој информираше дека има вкупно 69 навални возила и 86 цистерни од 6 до 9 тона со сопствени пумпи, едно хемиско возило, 17 автомеханички скали, три хидраулични платформи и 38 противпожарни возила за гасење на шумски пожари, 53 теренски возила, 11 товарни возила, шест команди возила, 17 возила за превоз на луѓе и опрема, 121 пумпа и 863 лични заштитни комплети.

-Со министерот Оливер Спасовски потпишавме меморандум со којшто значително ги упростивме процедурите за ангажман на полициските хеликоптери и во случај на пожар буквално за неколку минути ние можеме да подигнеме хеликоптер. Соработката помеѓу ЦУК, МВР и Армијата во овој момент е на највисоко миво. Исто така соработката со Дирекцијата за заштита и спасување е на највисоко ниво, рече Ангелов.

Ангелов потенцираше дека 90 отсто од причинителите на пожарите е човековиот фактор. Испрати апел овој период од годината да не се пали оган на отворено, или на шума.

-Особено апелираме до пушачите кои се движат во природа, во планините, да бидат исклучително внимателни при фрлањето на цигарите, најдобар начин тие да бидат изгаснати во мало шише со вода. Апелираме да не се користат плински уреди, кои понекогаш планинарите знаат да ги користат за варење на кафе. Апелираме до сточарите да не ги палат пасиштата, и до земјоделците да не ги палат стрништата, рече Ангелов.

Како што информираше, во 2020 година штетите од пожарите финансиски се проценети на околу 21 000 000 евра, додека во 2021 кога беа големите пожари во Малешевијата, но и генерално на територијата на целата држава, штетата беше околу 38,2 милиони евра.

-Ако на тоа ги додадеме и трошоците за гасење на пожарите, тогаш штетата за државата уште повеќе се зголемува. Минатата година штетата беше значително помала и е проценета засега на 2 милиони евра. Напорот да се менаџираат пожарите на еден друг начин, давањето се од себе од страна на државата и луѓето кои што работат на превенција и на гасење на пожарите даде резултати, со тоа што се надеваме дека оваа година сме уште поподготвени и ќе можеме да ги изменаџираме пожарите со уште помали штети, рече Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK