Битиќи: Новата распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15 декември

Битиќи-Новата-распределба-на-буџетските-средства-ќе-биде-направена-до.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи соопшти дека најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15 декември, и тоа согласно проценката дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти.


Според него станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.

„Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот, т. е трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика кон 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не, се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно“, нагласи тој.

Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира, поддршкаta на приватниот сектор.

„Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат, за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција која што ќе ја направиме до 15 декември, посочи Битиќи.

На почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK