Битиќи: Ако солидарниот данок падне на уставен, пари од граѓаните ќе завршат кај компаниите

Битиќи-Ако-солидарниот-данок-падне-на-уставен-пари-од-граѓаните.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека ако солидарниот данок падне на Уставен суд, во таков случај пари од буџетот би требало да им се враќаат на компаниите, иако тој не верува дека до такво нешто би дошло.



Вицепремиерот беше прашан од новинарите дали со новиот буџет се предвидени пари ако солидарниот данок падне на Уставен суд, а компаниите си ги бараат парите назад.

„До моментов има законска обврска за плаќање на солидарниот данок. Средствата ќе се користат за антикризни мерки што ќе бидат познати наредните денови. Ако евентуално има таква одлука, има доволно средства во буџетот, но првенствено намерата е за антикризни мерки. Ако има таква одлука ќе треба да се земат пари од граѓаните да се вратат на компаниите што нема да се случи“, рече Битиќи.

Средствата од наплатата на солидарниот данок на екстра профит кој го плаќаат големите компании, треба да бидат искористени за антикризни мерки за буџетот во 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK