Беџети: Нема потреба да се формира нова политичка партија, несогласувањата да се решаваат внатре во ДУИ

bedzeti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Има разни разлики и ние сме фракција внатре во ДУИ и ние сме за решавање на несогласувањата внатре во партијата, вели во изјава за МИА градоначалникот на Општина Сарај и еден од членовите на фракцијата внатре во ДУИ, Блерим Беџети во врска со објавената вест дека постојат разлики меѓу членовите на оваа група.

-Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и инсистираме за овие прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција, рече Беџети.


Тој потенцира дека се против формирањето на некој нов политички субјект, бидејќи, како што вели, на тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело.

-Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против формирањето нов политички субјект. Нема потреба да се формира нова политичка партија. На тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело, рече тој.

За политичката состојба во земјава и процесот на уставните измени, Беџети нагласува дека тие имаат ист став како и сите во ДУИ.

-Мораме да внимаваме да не ги охрабруваме антиевропските сили. Ние во ДУИ сме со став дека ова прашање мора да се реши час поскоро и процесот кон ЕУ да тргне колку е можно побргу, рече тој.

Прашан околу соработката со другите опозициски партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, Беџети негира такво нешто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK