„Еве веќе не знам која по ред седница е ова на советнички прашања каде што ние како совет сме доведени до ситуација да нема на кого да поставиме прашање, секоја чест на исклучоци, јас ќе ги поздравам директорите кои што се денеска тука во салата, но од друга страна градоначалничката не е присутна, секретар на град Скопје не е присутен“, запраша Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје на денешната седница за советнички прашања.
Андоновска во своето обраќање потенцираше дека советот денеска изгласал дневен ред со единствена точка, поставување на советнички прашања и дека се бара градоначалникот, Данела Арсовска да биде присутна и да се соочи со прашањата кои ќе и ги постават советниците. Имено таа потсети дека и денеска како и неколку месеци по ред Арсовска не е присутна на седниците.
„И ова не е само денеска, а како што видовте и денеска, овој совет изгласа дневен ред со единствена точка на дневен ред, поставување на советнички прашања, во превод тоа би значеле прашања од граѓаните кои што дошле до нас како советници и сега на нас е редот да ги поставиме до градоначалникот. Бидејќи повеќе од граѓаните имаат прашање до градоначалникот токму, ние бараме тој градоначалник да е присутен тука и да се соочиме со него, т.е тој да се соочи со прашањата на граѓаните, а граѓаните од другата страна кој што во моментот ја следат седницата да ги слушнат одговорите на нивните реални прашања за нивните реални потреби, реални проблеми со кои што се соочуваат. Но, ние за жал и денеска како и ред месеци не можеме да обезбедиме присуство на градоначалничката да ни одговори на овие прашања“, кажа Андоновска.
Таа на крајот од своето обраќање исто така праша на кого тие како советници ќе постават прашања, ако таа што и е местото денеска да одговори на граѓаните, не е овде.
„Повторно ќе кажам овие прашање не се наши, лични, ова се прашања на граѓаните, за кои што таа има одговорност и обврска да им одговори на истите. Од тие причини бидејќи како Совет и денеска едногласно сите советници се согласивме дека треба да има советнички прашања, а тоа е и по деловник барам претседател да се обезбеди присуство на градоначалникот на која што ќе можеме да и ги поставиме прашањата од граѓаните. На кого да поставиме прашања, ако таа каде што и е местото денеска да одговара пред граѓаните, не е. Јас навистина не знам како може да биде лидер на партија, а да не сака да дојде да одговори на граѓаните, навистина не ми е јасно, така да од лидерот нема ни „Л“, додаде Андоновска.