Амбасадорот Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство

garsija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за европски прашања ќе ја презентира Програмата и Приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2023 година.

Приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ меѓу останатото опфаќаат „реиндустријализација на ЕУ“ и обезбедување на нејзината стратешка автономија, напредок во спроведувањето на зелената транзиција и заштитата на животната средина, промоција на поголема социјална и економска правда и зајакнување на европското единство.


Еден од приоритетите на шпанското претседавање, кој завршува на 31 декември, ќе биде зајакнување на заложбата за стабилизација, закрепнување и реконструкција во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK