Алиу: Единствено преку дигитализација може да ги подобриме процесите

aliu_$6546456
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вечерва изјави дека се залага за дигитализација и за дигитална трансформација на нашето општество, од аспект на јавна администрација и услуги што ги нудат нашите институции. Единствено, како што рече, преку дигитализација може да ги подобриме процесите, и во јавна администрација, граѓаните да бидат позадоволни и нашите политики да бидат потранспарентни.

– МИОА во моментов во делот на јавна администрација работи на пет закони, од кои два закони се готови и се очекува од Владата да се достават до Собранието, како предлог-текстови за понатамошно процесуирање. Останатите три се во последна фаза, изјави Алиу во Дневникот на ТВ Сител. Според него, со тие закони ќе се подобри јавната администрација, процесот на вработување, и најави дека ќе има закони за високораководна служба, за креирање плати, за организација на јавната служба…


Прашан за модел за департизација на администрацијата, Алиу изјави дека лично не знае како тоа би се направило, бидејќи не е правник професија.

– Најверојатно тоа се коси со правото на секој граѓанин во нашата држава. Лично не знам дали е правилно, поважно е таму каде имаме вработени да бидат вработени со перформанси кои ги бара тоа работно место. Да немаме партизација и политичките партии да не инсистираат да вработуваат администартори само заради тоа што се дел од политичките партии, изјави Алиу.

Министерот Алиу изрази жалење што во повеќе институции вработените бараат неплатен одмор, заминуваат на неколку месеци во странство и дел од нив по неколку години остануваат таму. Посочи дека неплатениот одмор законски им следува на вработените, а од друга страна, како што рече, се ограничени.

– Менаџерите на институциите треба да имаат предвид дека работата не смее да биде заглавена во нашите институции, рече Алиу.

Тој информира дека денеска имал средба со претставници на шест универзитети во државата, од јавен карактер, и најави дека ќе креираат работни групи. Во нив ќе има универзитетски професори, претставници од приватниот, од јавниот и од невладиниот сектор…Целта, како што нагласи, е ние да имаме повеќе проекти, да аплицираме до фондови…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK