Адеми на проштална средба со заменикот на амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Голдстајн

ademi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска остварил проштална средба со заменикот на амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн.

Како што соопштуваат од Комисијата за европски прашања, Адеми потенцираше дека Северна Македонија во својство на актуелен претседавач со ОБСЕ активно работи на поддршка за надминување на локалните и регионалните предизвици, со цел, како што посочил, за стабилност и просперитет на целиот регион и пошироко, заедно со останатите земји учеснички во ОБСЕ, за излез од сложените безбедносни ситуации.


Притоа, му се заблагодарил на заменик амбасадорот Голдстајн за неговата досегашна активност и ангажман за постигнатиот напредок во нашата земја, во однос на спроведувањето на реформите за обезбедување на владеење на правото, слободата на медиумите, човековите права, вклучувајќи ги правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства, реформите во полицијата и законодавството и областите поврзани со доброто владеење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK