Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово


geely_lync_009
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод празникот Илинден, на спортското игралиште во рамки на хотелот „Спорт“ во Маврово, се одржа промотивен настан на кој беа претставени возилата од брендовите Geely и Lynk&Co. Настанот беше организиран од страна на Делфино Мобилити Груп, со цел непосредно да им се приближат иновативните и технолошки напредни модели на посетителите кои го поминуваа викендот во ова туристичко место.

На настанот беа изложени Geely Coolray, Lynk&Co 01 (хибридно возило) и Lynk&Co 02 (целосно електрично возило), привлекувајќи значителен интерес кај семејствата и посетителите. Присутните имаа можност одблизу да се запознаат со дизајнот, комфорот и квалитетот на внатрешниот ентериер, како и со напредните безбедносни и дигитални системи кои овие модели ги нудат.


Интересот и свесноста за перформансите на возилата беше значително висок. Многу од присутните веќе беа добро запознаени за Geely и Lynk&Co, а голем дел од нив се пријавија и за пробно возење. Посебен интерес беше изразен за техничките карактеристики како потрошувачката на гориво, автономијата на електричните возила, капацитетот на багажниот простор и системите за активна и пасивна безбедност.

Најмладите посетители беа особено импресионирани од мултимедијалните функционалности и квалитетот на озвучувањето, што дополнително придонесе за позитивната атмосфера на настанот.

Присутноста и информираноста на посетителите покажа дека претходно постоечките стереотипи за кинеските возила Geely и Lynk&Co се надминати, веќе се препознаваат како висока класа, па дури и супериорни алтернативи на многу европски возила.

Поради големиот интерес и позитивните реакции, Делфино Мобилити Груп најавува нови вакви настани, вклучително и повторна презентација во Маврово до крајот на месец август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK