Како до крајот на летото да заработите вредни награди и да останете физички активни?

111
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оние речиси 9.500 корисници на апликацијата ХалкЕко на Халкбанк веќе знаат дека со секоја физичка активност, без оглед дали се работи за трчање или едноставно пешачење, или, пак возење велосипед или тротинет тие, не само што придонесуваат за заштита на природата, туку можат да освојат и вредни подароци. Голем дел од нив можеби веќе добија подарок бидејќи статистиката на ХалкЕко кажува дека во изминативе нешто помалку од 4 години колку што е во функција апликацијата, се поделени речиси 4.000 подароци.

Па тогаш, доколку сте физички активни и водите здрав живот, зошто не се приклучите на семејството ХалкЕко? Или, доколку сакате да пешачите, или ги користите велосипедот или тротинетот како превозно средство, симнете ја апликацијата и почнете да собирате ХалкКоинс со кои можете да одберете некоја награда. За оние кои „планираат“ да започнат со физичка активност или да го заменат своето возило со друго превозно средство кое што не ја загадува околината, ХалкЕко и наградите кои можат да се освојат може да бидат мотив за она што само се планира токму сега и да се реализира.


ХалкЕко како апликација и програма има за цел да ги мотивира луѓето да бидат физички активни и да придонесуваат за заштита на природата. Таа е врзана за зелената агенда на Халкбанк како еко ориентирана компанија која што низ годините на своето делување дава силна поддршка на сè она што е во насока на негување здрав животен стил и заштита на животната средина.

Суштина на апликацијата, која едноставно се симнува на вашиот паметен телефон, е по регистрацијата истата да се вклучува при старт на физичка активност. Значи, ако почнувате да се движите, без разлика дали пешачите, трчате или возите велосипед или тротинет, апликацијата тоа го регистрира. Остварената километража ќе ви се евидентира како ХалкКоинс. Доколку ова го правите во период од 7.30 до 9.30 или од 15.30 до 17.30, што во принцип е време кога се оди или се враќа од работа, освојувате двојно повеќе ХалкКоинс.

Кога ќе ги соберете првите 250 ХалкКоинс, што се адекватни на поминати 250 километри, веќе можете да изберете награда. Награди се предвидени за постигнати 250, 500, 750, 1500 и 2000 ХалкКоинс. А наградите се навистина вредни. Па така, на пример, за секое од постигнатите нивоа, можете да добиете бонус поени кои се евидентираат на кредитна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје. А бидејќи еден бонус поен е еднаков на еден денар, тоа значи дека, на пример, за 2000 ХалкКоинс ќе добите 2000 бонус поени, кои се адекватни на 2000 денари. Истите можете да ги искоритите при било кое пазарување на продажно место каде има терминал на Хакбанк. А нив навистина ги има речиси секаде.

Или, пак, во моментов кога е период на годишни одмори, кога за патување во странство ви е неопходно патничко осигуување, наместо тоа да го плаќате, можете да го обезбедите со своите ХалкКоинс. За осигурување од Халк Осигурување во времетраење од 10 дена во текот на една година ќе треба да потрошите 250 ХалкКинс, а за осигурување од 20 дена – 500 ХалкКоинс. Потребно е само да испратите меил до ХалкЕко и да наведете во која експозитура на Халкбанк сакате истото да го подигнете.

Со ХалКоинс можете да го осигурате и вашиот дом. За осигурување од основни и дополнителни ризици ви се потребни 1500 ХалкКоинс, а за 3000 ХакКоинс можете да земете осигурување на домот во вредност до 3.000 денари.

Следно, доколку имате кредит во Халкбанк или имате намера да земете потрошувачки или станбен кредит, направете го тоа токму во оваа банка бидејќи вашата физичка активност може да ви заштети многу средства. Имено, за 500 ХалкКоинс можете да добиете 10% попуст на редовната камата на потрошувачки кредит, а за 750 ХалкКоинс попустот е 15%. Може и да изберете хипотекарно осигурување од основни ризици кое ви дава сигурност при менување кредит. Постигнати 1500 или 2000 ХалкКоинс нудат можност за добивање 5%, односно 10%  попуст на основната камата за станбен кредит, што со оглед на должината на отплата на станбените кредити значи сериозна заштеда.

Халкбанк не само што наградува за физичката ативност, туку за секои 80 километри на секој корисник, презема обврска за засадување дрво. Досега банката, како одговор на активностите на корисниците на апликацијата, има засадено речиси 38.000 дрвја.

Затоа не двоумете се. Симнете ја апликацијата ХалкЕко и станете дел од семејството на поддржувачи на здрави животни навики и дајте свој придонес за поздрава околина. И секако, овојувајте вредни награди.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK