Binance Academy лансираше нов курс за користење на агенти со вештачка интелигенција во крипто-секторот


binance_56464645
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Binance Academy лансираше нов курс наменет за почетници, со цел да им помогне на корисниците подобро да разберат како вештачката интелигенција може поефикасно и побезбедно да се користи на крипто-пазарот. Курсот, насловен „Отклучена вештачка интелигенција: агенти и вештини“, е бесплатен и онлајн, а ги запознава корисниците со агентите со вештачка интелигенција, објаснува по што тие се разликуваат од класичните ботови и дигитални асистенти и покажува како можат да се користат за истражување и планирање на трговски активности во крипто-секторот.

Курсот доаѓа во период кога алатките со вештачка интелигенција имаат сè поголема улога во начинот на кој корисниците комуницираат со пазарот на дигитални средства. Во крипто-светот, податоците често се распрснати низ повеќе извори, како што се блокчејн-мрежи, социјални платформи, аналитички алатки и веб-страници на проекти. Според Binance Academy, проблемот повеќе не е недостигот на информации, туку тешкотијата тие да се организираат, проверат и искористат на структуриран начин. Агентите со вештачка интелигенција се претставени како практично решение, бидејќи можат да примат одредена цел, да ја разделат на чекори, да активираат соодветни алатки и на крај да дадат структуриран резултат.


Значаен дел од курсот е посветен на објаснување на разликата меѓу ботови, асистенти и агенти со вештачка интелигенција. Додека ботовите најчесто следат однапред дефинирани правила, а асистентите главно одговараат на прашања, агентите со вештачка интелигенција можат да толкуваат инструкции, да планираат задачи, да избираат алатки и да поддржат посложени работни процеси. Курсот исто така објаснува како функционираат овие системи преку процес на перцепција, расудување и дејствување, односно собирање информации, нивна обработка и носење конкретен излез или предлог за акција. Притоа, на разбирлив начин се објаснуваат и поими како промпт — односно инструкцијата што корисникот ѝ ја дава на алатката, меморија — способноста системот да задржува контекст, и алатки — дополнителни функции што му помагаат на агентот да изврши задача.

Безбедноста е уште една централна тема. Binance Academy нагласува дека вештачката интелигенција не треба да се смета за целосно сигурна или автономна, особено на пазар како крипто, каде што движењата се брзи, а ризиците се високи. Курсот ги учи корисниците за ограничувања како што се халуцинации, односно ситуации кога алатката создава уверливо формулирани, но неточни информации. Поради тоа, се препорачува проверка на резултатите преку доверливи извори, како што се блок-експлорери, односно алатки за јавно следење и потврдување податоци на блокчејн. Дополнително, курсот нагласува практични безбедносни принципи, како ограничени дозволи, внимателно управување со клучевите за програмски пристап и задолжителна човечка потврда пред која било активност поврзана со сметка или средства.

Покрај тоа, курсот го претставува и Binance Ai Pro и објаснува како корисниците можат да активираат и комбинираат различни „вештини“, односно специјализирани функции или модули, за откривање пазарни можности, истражување на токени, анализа на податоци директно од блокчејн и планирање на трговски активности. Јавните функции кои можат да се користат без клучевите за програмски пристапи се наменети за истражување, додека функциите што се поврзуваат со корисничка сметка бараат дополнителна претпазливост.

Генерално, курсот е поставен како практична почетна точка за сите што сакаат посигурно, поодговорно и поефикасно да користат вештачка интелигенција во крипто-секторот. Тој е бесплатен, трае околу 30 минути и е дизајниран да им помогне на корисниците да изградат корисни навики, при што човечката контрола останува во центарот на целиот процес.

Започнете уште денес со курсот и стекнете ги вештините потребни за успешно користење на вештачката интелигенција во крипто-светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK