Скопје, 2.12.2024г.–А1 Македонија ја започнува новогодишната еуфорија и празнични денови и воведува атрактивна понуда со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат 2025 година со многу поволности за неограничена комуникација, уште повеќе содржини, голем избор ТВ уреди и мобилни уреди по најповолни цени.
“Како и секогаш, и овој пат, креиравме една од највпечатливите и најповолни понуди, дизајнирана да ги задоволи потребите на нашите корисници за уште повеќе комуникација, поврзаност и пристап до посакуваните содржини и уреди. Нашата цел е да ги разубавиме празничните моменти за корисниците, да внесеме свежина и позитивна енергија овозможувајќи им непречена комуникација и поврзување со најблиските. Затоа велиме, сите заедно, поврзани да блеснеме уште посилно и новата година да ја направиме уште повесела.”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор во А1 Македонија.
Новогодишното изненадување од А1 доаѓа со тарифните модели А1 Combo со супериорен оптички интернет и телевизијата A1 Xplore TV која нуди опција за избор на канали, многубројни функционалности за корисникот како што е телевизија на сите уреди каде и да се, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика. А1 Македонија го прави овој период посебен со специјален подарок – до 6 месеци без претплата на водечките светски стриминг услуги Netflix и Max и воедно, корисниците добиваат можност да изберат некој од најпопуларните и најнапредни модели iPhone или Samsung смарт телефони.
Празничната понуда компанијата ја лансира со кампања која ги вклучува емоциите и спомените од еден од најголемите македонски хитови познат за сите генерации со кој А1 ја пренесува пораката за споделување, нагласувајќи дека секој миг може да се трансформира во нешто многу поголемо создавајќи уникатна и незаборавна празнична атмосфера за сите.
За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.a1.mk