ЗОО Скопе: Во ист ден почина сакан и почитуван колега, но и неговата миленичка Флопи

ЗОО-Скопе-Во-ист-ден-почина-сакан-и-почитуван-колега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Зоолошката градина Скопје информираат дека вчерашниот ден бил најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО.


„Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот. Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје“, велат од таму.

Тие додаваат дека за трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе.

„Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе. Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност“, велат од ЗОО Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK