ЗНМ и СЕММ: Апелираме на крајна внимателност и етички баланс во вестите поврзани со исчезнатото девојче

Се-уште-не-е-пронајдено-исчезнатото-девојче-од-Скопје-Работиме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот на честа при ЗНМ и Советот за Етика во медиумите (СЕММ), како дел од саморегулацијата во Македонија, најостро го осудуваат начинот на кој известуваат одредени медиуми за исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, со што на груб начин го кршат Етичкиот кодекс на новинарите, пласирајќи неточни и непроверени информации, најчесто преземени од социјални мрежи.


ЗНМ и СЕММ ги потсетуваaат новинарите, дека мора да ја почитуваат личната болка на семејството, а сите извештаи за несреќи или судски постапки да бидат ослободени од сензационализам.

Во текот на денешниот ден регистрирани се серија текстови со лажна содржина, пренесени од коментари и реакции на социјални мрежи, од неверодостојни профили, за кои не може да се утврди кој стои зад нив. ЗНМ, преку Одлуки на Советот на честа, како и СЕММ, повеќе пати досега се произнесоа дека социјалните мрежи не може да бидат веродостоен извор на информации од кои новинари без да проверат ќе преземат содржини и од нив ќе пишуваат вести или наслови, бидејќи ФБ профилите или профили на другите мрежи се лична одговорност на носителите на профилите, а медиумите имаат обврска да ги проверат информациите пред да ги објават.

Објавувањето без проверка, само затоа што некој објавил нешто и некаде на социјална мрежа, а тоа станало вест во медиум, не ги ослободува медиумите од одговорност.

Затоа, ЗНМ и СЕММ, бараат од новинарите и медиумските работници, да се вклучат во известување за случаи како што е исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, но строго да внимаваат на професионалните етички стандарди, да не шират страв и паника, да не објавуваат лажни вести и непроверени информации, и на тој начин дополнително да ја подгреваат ситуацијата.

Советот на честа на ЗНМ, постапувајќи по претставки може да исклучи членови од членство во ЗНМ поради повреда на одредбите на Кодексот и затоа, уште еднаш ги повикуваме сите новинари, информациите да бидат крајно внимателно подготвени, со етички избалансирано известување и претходна сериозна проверка.

Медиумите во оваа фаза треба посебно да внимаваат и со изнесување на лични или семејни детали, кои можат да му наштетат на интегритетот на детето.

ЗНМ и СЕММ ги охрабруваат сите граѓани кои ќе забележат прекршувања на Кодексот да ги пријават на соодветен формулар кој се наоѓа на страницата на ЗНМ или на страницата на СЕММ, и на тој начин да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK