„Знаеме дека приоритет на Ковачевски се винските средби, но сепак лидерските се важна работа која не се договара преку медиуми“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски-во-посета-на-саемот-„Винска-визија-на-Отворен-Балкан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДС продолжува да се однесува незрело и неодговорно за крупни прашања за државата, но сепак благодариме за разбирањето кое го имаат за агендата на претседателот Мицкоски“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.


„Очекуваме да го потврдат Собранието како место за лидерската средба и форматот. Очекуваме сериозни одлуки на лидерската средба и нема да го коментираме лошиот и неинвентивен смисол на хумор на Центарот за комуникации на СДС кој сепак не ја покрива потребата Ковачевски да биде концентрирано присутен еден час на лидерска средба.

Народот од нас очекува одлуки, а не расправи во стилот „теткински озборувања на пазар“ или веселби на вински фестивали кои траат по неколку денови чиј љубител е токму лидерот на СДС“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK