Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори, се огласи ѝ претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски. Во неговата честитка упатена до професорката Гордана Сиљановска-Давкова на англиски и на украински јазик, стои:
„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа.“
Congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova @gogamkd on her convincing election victory. I wish her a successful and fruitful tenure. We value our 🇲🇰🇺🇦 strong partnership and appreciate Skopje’s support for Ukraine in countering Russian aggression. I look forward to further…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 9, 2024
Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик истакнувајќи го следново:
„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ.“