Здружението „Палиум“ реализираше настан за поддршка на палијативните пациенти

thumbnail_so-pomagala-da-pomagame-jordanco-21.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението за поддршка на палијативните пациенти и нивните семејства ПАЛИУМ организираше донаторски настан „Со помагала да помогнеме“ како дел од Проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој го спроведува Здружението КОНЕКТ.


Целта на овој настан е да се соберат средства за отворање на првата изнајмувачница во државата на ортопедски помагала за палијативни пациенти. Оваа можност во огромна мера ќе им ја олесни грижата и третманот во домашни услови на семејствата со член кој е палијативен пациент.

Палијативната нега е медицински пристап кој има за цел да го подобри квалитетот на животот на пациентите кои страдаат од неизлечиви и терминални болести. Оваа нега се поврзува најчесто со онколошки дијагнози, но исто така се користи во напредна и терминална фаза на многу други болести. Огромниот број на палијативни пациенти во државата ја наметна потребата од оваа иницијатива.

На донаторскиот настан присуствуваше директорот на Фондот за здравство Г-н Сашо Клековски, претставници од Министерството за Здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Невладиниот сектор и вработени во здравството кои придонесоа да се отвори дијалог за важноста од подобрување на условите и можностите за оваа ранлива категорија на пациенти.

Како најургентни мерки за кои се дискутираше на настанот се издвоија: подобри можности за палијативна нега во домот и достапност на ортопедски помагала, советодавна линија за поддршка на палијативните пациенти и нивните семејства, а на Македонија час поскоро и е потребно усвојување на Национална стратегија за Палијативна грижа со оглед на нагорниот тренд на раст на случаите со малигни неоплазми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK