– Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон е основано во јуни 2003 година и годинава одбележува 20 години од постоењето. По тој повод денеска ќе се одржи Свечена седница на собранието со доделување награди за пациентите од Македонија кои преку 20 години стаж се на дијализа или имале трансплантација.
Според на Нефрон, во Македонија има 72 лица кои живеат со дијализа или со трансплантиран бубрег повеќе од 20 години.
-Тие се вистински борци, непоколебливи и истрајни во болеста и борбата за живот. Во исто време благодарни затоа што пости дијализата, но и со надеж дека ќе дочекаат трансплантација, наведуваат од Здружението „Нефрон“.
Од таму потенцираат дека тие постојат за бубрежно болните лица од целата држава и со цел да им покаже достојно внимание и почит, овој јубилеј им го посветува ним. Ова се лица од кои може да се извлечат инспиративни поуки и приказни, велат од Здружението „Нефрон“.