Завршување на проектот „ЕУ за човекови права: вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“

eu-info-centar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегацијата на Европската Унија заедно со Министерството за труд и социјална политика и експертското тело на проектот денеска во Јуроп Хаус во Скопје ќе го одбележат крајот на проектот финансиран од Унијата, „ЕУ за човекови права: вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“.

На настанот обраќања ќе имаат евроамбасадорот, Дејвид Гир, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, народниот правобранител Насер Зибери.


По обраќањата на Гир, Тренчевска и Зибери следи панел дискуција со претставници од канцеларијата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, народниот Правобранител, НВО Полио Плус и експерти од проектот, се наведува во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат состојбите и практиките за справување во случаите на недискриминација. Ќе бидат презентирани и активностите, спроведени во рамки на проектот, со акцент на клучните резултати и предлог законските измени изработени во согласност со клучните цели на проектот: усогласувањето на националното законодавство со правото на ЕУ за недискриминација, усогласувањето на законите согласно член 48 од Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) и зајакнувањето на капацитетите на националните власти и креаторите на политики за превенција и заштита од сите форми на дискриминација.

На настанот, како што се наведува во соопштението, ќе присустуваат претставници од надлежните министерства и институциите кои се креатори на политики за спречување и заштита од дискриминација, членови на Националното координативно тело за недискриминација, пратеници, претставници на меѓународните организации, граѓанските организации и медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK