Регулаторната комисија за енергетика информира дека денес, 15 април, завршува грејната сезона и стартува т.н преоден период кој трае до 30 април.
Од утре па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 целзиусови степени.
Означувањето на крајот на грејната сезона е согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.