Завршни зборови на одбраната за автобуската несреќа кај Ласкарци

Завршни-зборови-на-одбраната-за-автобуската-несреќа-кај-Ласкарци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со завршни зборови на одбраната, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени.


Како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски, петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.

На минатото рочиште, завршни зборови даваа бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски.

Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, но и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK