Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на Буџетот

Изгласан-Законот-за-Националната-развојна-стратегија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја заврши општата расправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, а седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа.


За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.

Општата расправа за ребалансот траеше три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, ќе трае шест дена.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK