Во Управата за јавни приходи денеска започна процесот на помирување помеѓу УЈП и синдикалната организација „Солидарност“ со посредство на м-р Илија Манасиев во однос на барањето за зголемување на платите на вработените за 30 проценти.
Претседателот на организацијата Солидарност Васе Недановски и директорката на УЈП Сања Лукаревска пред почетокот на средбата во изјава за медиумите изразија надеж за изнаоѓање заедничко решение.
– Убеден сум дека со отпочнувањето на процесот ќе изнајдеме решенија и одлуки кои ќе овозможат добивање согласност за потпишување на колективните договори. Како најважно е зголемувањето на платите на вработените. Во моментот платите кои се исплатуваат се во износ за процент од најмалку 30 посто помал од утврдено во одредбите, изјави Манасиев.
Секоја одлука надвор од посочената рамка, како што посочи, ќе значи автоматски отпочнуваење на генерален штрајк.
Одлуката за генерален штрајк требаше да стапи во сила на 27 месецов, но беше пролонгирана поради назначувањето нов помирувач во процесот. Во меѓувреме, вработените во УЈП секој ден одржуваат двочасовни протести на работните места.