Запленети речиси две илјади брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс

Запленети-речиси-две-илјади-брендирани-парчиња-со-потписот-на-Луи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир.


Како што извести Царинската управа, пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети, велат од Царинската управа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK