Запленети 30 илјади евра на граничниот премин Богородица

2_2-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречиле обид за нелегално внесување 30 илјади евра во државава од страна на двајца странски државјани.


– На 26 јули 2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште, покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 50 илјади евра за кои немале никаков документ за потекло, соопштија денеска од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30 илјади се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднела соодветна прекршочна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK