Запален автомобилот на Драган Митковски кој важеше за најблизок соработник на Данела Арсовска

pozar-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во скопската населба Ѓорче Петров, во текот на ноќта бил запаен автомобилот на Драган Митковски кој се сметаше за еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска.


Во информацијата од СВР Скопје за „Макфакс“ се вели дека возилото од марката „мерцедес а класа“ било опожарено околу 3 часот по полноќ, а е во сопственост на фирма.

Од пожарот зафатени биле и автомобилите „хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор.

Поранешни соработници на Арсовска за „Макфакс“ потврдија дека односите меѓу неа и Митковски во последно време се изладени, а се верува и дека Арсовска сменила неколкумина директори кои се сметаат блиски до него.

Митковски на последните избори беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK