Задолжително носење на маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

Задолжително-носење-на-маски-во-здравствените-установи-препорачува-Комисијата-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Препорака за задолжително носење на маски во здравствените установи оваа препорака ја донела Комисијата за зазарни болести по денешниот состанок, информираше портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ.


На состанокот се дискутирало за состојбата со коронавирусот во земјава а била донесена препораката за задолжително носење на маските во здравствените установи.

Ова, како што вели Мехмедовиќ, е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на инфекција со Ковид-19.

Препораката, како што информира ќе биде доставена до Министерството за здравство и ресорниот министер.

Во однос на целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментов во државата има доволно вакцини и лекови кои што можат да бидат на располагање.

Информира дека засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби а околу носењето на маски во аптеките, Мехмедовиќ појаснува дека во тие објекти, препораките се неформални.

Според портпаролот на комисијата, во државата има мал број на случаи на заразени со Ковид-19. Сепак истакна дека не може лесно да се собере материјалот кој треба да се обработи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK