Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО, соопшти Владата

Зачуван-е-престижниот-статус-на-Охридскиот-Регион-на-листата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Охридскиот Регион, како универзална вредност, останува на листата на светско наследство на УНЕСКО, соопштија денека од Владата на РСМ.


Одлуката е сооштена на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија.

Од Владата велат дека Комитетот ја препознал грижата на Република Северна Македонија за богатото охридско културно наследство и одговорноста кон Охридското Езеро и ги уважил заедничките напори на Република Северна Македонија и Република Албанија за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион како светско наследство.

На сесијата во Ријад се министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

 

На сесијата на Комитетот на УНЕСКО министерките Костадиновска-Стојчевска и Шукова посочија дека експертски тимови од Северна Македонија и Албанија изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, што е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите коишто имаат негативно влијание врз вредностите на Регионот. Тоа е и позитивно оценето од страна на Комитетот за светско наследство и е нотирано во Одлуката од сесијата на Комитетот во Ријад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK