Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП ,,Голема Црцорија – Голеш,, во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.