„За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

pendarovski-ohrid-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот. Пендаровски е покровител на фалсификуваните документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за изработија на истите имаме основани сомненија дека стои АР водена од Еролд Муслиу близок на Пендаровски и Миле Зечевиќ како посредник преку кого одат плаќањата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Пендаровски призна дека се видел со Асаф Еисин и дека средбата е организирана од СДС.

Со оглед на тоа што СДС не пријавиле дека го плаќаат Еисин, се поставува прашањето од кое со денови бегаат. Како е платен Асаф Еисин и дали е платен во кеш со црни пари од тендерите во РЕК Битола?

Во недостаток на програма и понуда, Пендаровски и СДС прибегнаа кон црна кампања, но попусти им се сите обиди. Народот бара промени. Граѓаните ќе си ја вратат Македонија. Иднината е во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK