­

За отстранување на ѓубрето, Комунална ќе му испрати фактура на Курто Дудуш: „Локациите што ги објавува не се наша, туку негова надлежност“

shuto-orizari-gubre-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното претпријатие Комунална хигиена- Скопје соопшти дека ќе го отстрани сметот и срамот на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, но јавноста треба да знае дека за ова ќе и биде доставена фактура на општината.


Имено, фотографиите кои ги објавува Курто Дудуш, како што тврди Комунална, се од контејнери и локации за кои одговорна е општината со која Дудуш управува.  Од тука уверуваат дека контејнерите што се во нивна надлежност редовно се чистат и дезинфицираат, што за жал не е случај и со општинските садови и дивите локации во неговата општина на кои се фрла отпад.

„Дополнително, Курто Дудуш се задолжи со мандатна казна за формирање на дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, а во тек се и останатите постапки покренати против Дудуш за дела спротивни на законот за кои очекуваме разврски, што всушност е и причината за неговото однесување и напади кон градот и јавното претпријатие Комунална хигиена- Скопје“, велат од Комунална хигиена, која е под надлежност на Градот Скопје.

Курто Дудуш претходно реагираше за ѓубрето во општината, обвинувајќи ја Арсовска дека им се одмаздува на граѓаните на општина Шуто Оризари поради протестот пред нејзината канцеларија.

Градоначалникот кој сподели фотографии на социјалните мрежи се закани дека ако отпадот не биде собран во рок од 48 часа, ќе и го однесе со механизација на Арсовска пред нејзината канцеларија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK