За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

micskoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со Законот за јазиците во Уставниот суд, оти тие ги бираа судиите и никој не можеше да биде уставен судија или каков било судија без да помине филтер низ нивните структури, рече денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој уверува дека ситуацијата е под контрола и дека утре нема да се случи ништо оти се работи за процес кој може да трае со месеци или години и ги повика граѓаните да не дозволат да бидат злоупотребени.


„Тие точно знаат дека за да дојдеме до конечно решение, какво и да е, не е важно, најпрвин имаме тој кој што е за овој случај надлежен судија да го репортира, да им објасни на своите колеги, па јавна дискусија, јавна расправа, па подготвителна седницата така што тоа е процес кој ќе трае со месеци можеби и со години. Нивната цел беше сега, како политички глодари, да начекаат и да видат, еве сега знаеме како одат процедурите, ние ќе правиме политички притисок и кога нема ништо утре да се случи да излезат во јавноста, нормално тоа може само политички глодари да го прават, да излезат и да кажат еве поради тоа што ние правевме притисок се одложи сето ова. Не функционираат така работите, а на нив им е многу јасно како функционираат работите. Затоа  ги молам, уште еднаш, нашите сограѓани Албанци, Македонци сите, да бидат смирени. Целата работа е под контрола, да не дозволиме да наседнуваме на провокациите на овие луѓе. Не е потребно. Тие луѓе завршија, на 8 мај беа поразени, имаме нова Влада која точно знае што прави и кои чекори ги презема. Ве молам за смиреност немојте да дозволите да бидете злоупотребени. Ништо нема да се случи утре, целата ситуација е под контрола. Тоа сакам да го испратам како порака“, вели премиерот Мицкоски.

Активисти на ДУИ во неделата се собраа пред Уставниот суд и поставија „стража за јазикот“ со најава дека ќе останат таму се до утрешната седница на која ќе се расправа за Законот за употреба на јазиците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK