За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години, вели Мицкоски

zagaduvanje-skopje-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гасните централи би можеле да го решат загадувањето, но тоа е процес што би траел со години.


Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето рече дека единствениот начин за намалување на загаденоста е во периодот од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затолување.

„За да се случи тоа потребно е да се изградат гасни централи, а ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од инвеститорите е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време најмалку 2до 3 години додека профункционира, а за да се изградат топловоди можеби и 5 до 6 години“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека одговорот го дава како инжинер.

Премиерот изрази жалење што досега ништо во таа насока не било направено, додавајќи дека сега политички глодари се обидуваат на нивен глодарски начин да собираат поени, но нема да успеат.

Мицкоски одговараше на новинарски прашања по завршувањето на централната литургија по повод Божиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK