Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна


106244162_731845254300129_8175323471992844746_n-1-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана.


Пациентот бил донесен со развиена масивна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром.

Не бил вакциниран за сезонски грип, иако бил во групата на пациенти што требало да примат сезонска вакцина. Имал претходни белодробни заболувања.

Ова е втор смртен случај поврзан со грип оваа сезона, откако претходно почина 75-годишна жена.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 30-ина лица со грип, од кои еден е во потешка состојба и е приклучен на механичка поддршка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK