Времето утре: сончево и многу тополо, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето-денеска-сончево-и-топло-од-утре-промена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето утре претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во недела и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните ќе бидат во постепено опаѓање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK