Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

Oд-утре-промена-на-времето-метеоролозите-најавуваат-силен-ветер-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8, јавува УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на следната седмица во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK