Времето променливо облачно, со појава на ветер

Времето-променливо-облачно-со-појава-на-ветер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Наутро ќе има услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во сабота ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе услови дополнително зголемување на дневната температура и забрзано топење на преостанатата снежна покривка. Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK