Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.